Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери победија против Дрита, титулата ќе се решава во последните два натпревари
Помладите пионери победија против Дрита, титулата ќе се решава во последните два натпревари

Помладите пионери победија против Дрита, титулата ќе се решава во последните два натпревари

Помладите пионери немаа поголеми проблеми да остварат триумф на денешниот меч, во рамките на 20 коло од првенството. На домашен терен ги победија своите врсници од Дрита, со резултат 2:0. Стрелци на погодоците беа капитенот Елвир Рамиќ од пенал и Марко Ѓоргиевски.

Сосема заслужена победа за оваа генерација, која го контролираше целиот натпревар. Создаде многу прилики за погодок, имаа пет скратени корнери, а еднаш ја погодија и стативата на противникот. По првото полувреме, заминаа со минимална предност од 1:0. Ниту во второто полувреме, гостите од Тетово не се изнаиграа многу. Вардарци им ги решија маките со вториот гол во нивната мрежа, за конечни на овој меч од 2:0. Титулата дефинитивно може да се реши веќе во следното предпоследно коло, каде црвено-црнбите ќе имаат тешка задача на гостувањето во Чаир. Денеска лидерот на табелата, екипата на Шкупи забележа минимална победа од 2:1, против Академија Пандев и ја сочува предноста од само еден бод разлика пред нашата екипа. Со победа на некој од двата тима, во следното коло може да биде во голема мера решен шампионот за оваа сезона кај оваа категорија.