Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Комити на запад, за север влез 100 денари
Комити на запад, за север влез 100 денари

Комити на запад, за север влез 100 денари

Како и што се очекуваше, денеска ФК Вардар преку соопштение ја информираше фудбалската јавност дека на неделниот дуел Вардар – Шкупи, нема да биде дозволен влез за гостински навивачи. Во продолжение целото соопштение:

За публика ќе биде отворена само северната трибина, каде што ќе бидат сместени и камерманите и медиумските работници. За нашите навивачи Комити, ќе бидат сместени на западната трибина.

При купување на влезница од билетарата на Националната Арена „Филип Втори“, задолжително е покажување на документ за лична идентификација. Билетот ќе чини 100 денари.

Потсетуваме дека и за овој натпревар важи забраната за присуство на гостински навивачи и симпатизери на трибините, односно нема да им биде дозволен влез на истите.