Албрим Шаќири од Струга ќе суди на неделната скопска пресметка. Шаќири во својата судиска кариера не се сеќаваме да му делел правда на нашиот тим, можеби ова ќе биде прва пресметка на која Шаќири ќе му суди на Вардар. Помошни судии ќе бидат Бакрачески Разме и Лозаноски Злате.
Натпреварот на скопските ривали се игра в недела од 16.00 часот.