Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар одигра реми со Струга ТЛ, Петковски донесе бод со голот во 75.минута
Вардар одигра реми со Струга ТЛ, Петковски донесе бод со голот во 75.минута

Вардар одигра реми со Струга ТЛ, Петковски донесе бод со голот во 75.минута

Денес на Градскиот стадион, ФК Вардар во 4.коло оваа пролет ја пречека екипата на ФК Струга ТЛ. Момците на Никола Илиевски-Џиџи на оваа средба одиграа реми 1-1, ние погодивме во вториот дел, на одмор губевме 0-1.

Во воведните 15.минути немаше прилика за одбележување на двете страни. Во 20.минута Крстевски направи прекршок во казнениот простор. Противникот доби пенал, Александар Ристевски донесе водство за Струга ТЛ против Вардар на „Тодор Проески“ со силен удар во долниот десен агол. Во 35.минута добивме слободен удар на 30.метра, Блажевски одлично нафрли сепак голманот на гостите успеа да ја собере топката и да спречи посериозна шанса за нас. Босаниќ по левата страна ни правеше доста проблеми во првиот дел од дуелот, со чести продори. Скендери шутна во 38.минута, за малце над голот на Илиќ. Во 42.минута Hајденов по соло продор шутна силно од 25.метра, Миселовски успеа да ја скроти топката.  Мирчевски и Најденов имаа одлична контра во 44.минута, одлично претрчаа 30сетина метри, за жал во последната фаза од акцијата имаше непрецизно додавање на работ од 16.метри.

Двата тима посакуваа да постигнат погодок во вториот дел, Струга за да ја удвои предноста и да однесе победа, ние за да успееме да дојдеме до резултатска симетрија. За наша среќа црвено-црните погодија во 75.минута, одличен гол за вардаровиот тим постигна Филип Петковски. Струга се обиде да изедначи но за наша среќа не успеа, и ние не дојдовме до бод.