Малата сала СЦ „Јане Сандански“ во Скопје денес беше домаќин на финалниот дуел од 1/4-финалната Куп група „В“. На овој меч ЖРК Вардар ја пречека екипата на ЖРК Стружанка која вчера со победата над Овче Поле дојде на мегдан со девојките на Ристова и Царчев.
Она што се гледаше на подготовките и го потенциравме денес се покажа како точно, вардарки се во топ-форма. Ние обезбедивме пласман на завршниот Ф-4 турнир во Купот на Република Македонија. Стружанка беше во егал во 42.минута, имаше 17-17, но вардарки во одбраната играа на ниво, Грујовска не прими гол 17.минути, во нападот имавме серија 10-0. Победата дојде со 27-19.
Тргнавме одлично по само 2.минути со два гола на Галевска Марија и една одбрана на Трајкоска Јована поведовме со 2-0. Бевме подобар противник во одбраната беше на ниво, во нападот Галевска беше расположена како и остатокот од тимот. Во 15.минута на средина од полувремето со голот на Сара Стефаноска поведовме прв пат со плус пет (7-2). Ривалот успеа да се консолидира и со мини серија 1-3 намали на 8-5, враќајќи се во мечот. Во 24.минута на семафорот беше 9-7 по нивни тајм-аут напаѓаа да дојдат на само еден гол негатива, Џатевска во тој клучен момент украде, по контра-напад непогрешлива беше Миновска Сара и поведовме со 10-7 одбивајќи го овој опасен напад кој можеше да донесе минимална негатива за стружанки. Уште една таква ситуација имаа противничките, но Трајковска одбрани со нога. На одмор заминавме со три плус (13-10), резултат кој го постигна на атрактивен начин Миновска на 22.секудни до крајот на овој период.
Ривалот тргна агресивно во вториот дел, со напад 7 на 6, и со „фластер“ на Галевска. Иако со играч помалку во поле, поради исклучување успеавме да направиме чекор напред. Со две одлични одбрани на Грујовска Симона, и голот на Костовиќ Ангела отидовме на плус пет (16-11) во 37.минута од ова финале во 1/4-фин. Куп група. Стружанка даваше се од себе, влезе во серија 0-4 со која намали на 16-15 во 41.минута и се закани овој дуел да биде неизвесен. Бевме на работ на безната, во 42.минута беше реми (17-17) и напад на гостинот , Трпевска храбро украде во дефанзива, Диневска успеа да погоди за гол предност. Повторно се одбранивме и во нападот потоа, Ристова го искористи првиот тајм-маут на 14.минути до крајот на дуелот. Во 50.минута конечно се ослободивме од притисокот, бевме во серија 5-0 по ремито (17-17), одбрани Грујовска, следеше трансформација, па со голот на Дамјаноска Катерина која маестрално погоди, поведовме со комотни 5.гола (22-17). Грујовска влезе во серија, потпомогната од пркосната одбрана во која Дамјаноска и Џатевска беа неминлива пречка, не беше совладана од 42.минута до 59.минута, односно 17.минути. Ние од тогашните 17-17, дојдовме до 27-17 во тој период. Победата беше остварена со резултат 27-19.
Голманките беа одлични денес, во првиот дел Трајкоска Јована одбрани 5.удара, во вториот период Грујовска Симона одбрани 6 топки и имаше 17.минути серија без да ја вади топката од мрежата.
Трпевска Ивона имаше 6 гола, по 4.пати погодија Џатевска Ивана и Диневска Бојана. Вечерва три девојки имаа 3ки: Сара Стефаноска, Галевска Марија и Костовиќ Ангела. По два гола впишаа: Миновска Сара и Катерина Дамјаноска.