Во среда (05.10) во рамките на 1/8 финалето во фудбалскиот Куп на Македонија, Вардар е домаќин на екипата на Фортуна.
Единствениот натпревар кој ќе го даде патникот во следната елиминациска рунда ќе се одигра на стадионот Борис Трајковски во населбата Маџари со почеток од 14:00 часот.
Александар Урошевиќ од Тетово ќе биде главен судија, додека негови помошници се Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески, исто така од Тетово.