Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Скопската пресметка во Маџари
Скопската пресметка во Маџари

Скопската пресметка во Маџари

Нема одмор за ФК Вардар. Во среда игра нов натпревар, овој пат од фудбалскиот Куп на Македонија каде со победа ќе се пласира во 1/4 финалето.

Противник на Вардарци во среда ќе биде тимот на Фортуна исто така од главниот град. Фортуна е екипа која во овој момент настапува во третата по ранг лига во Македонија.

Дуелот на овие две екипи ќе се одигра во среда во скопската населба Маџари со почеток од 14.00 часот. Очекуваме нова победа на Вардар.