Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар-Б совладан во Битола
Куглање: Вардар-Б совладан во Битола

Куглање: Вардар-Б совладан во Битола

Вториот тим на „Вардар“ гостуваше кај првата екипа на КК Пелистер 1982, дуелот се одигра вчера во кугларницата при салата „Боро Чурчевски“.

Домаќините ја добија средбата со резултат 6-2,  во сетови беше 12-12, во „дрва“ 3216-3142 за нив.  За нас поенираа Ивица Петревски (554) и Влатко  Гиевски (516) на оваа средба. Ден пред ова Вардар-А како што веќе пишавме во дербито го доби тимот на КК ГТЦ Мусандра, првиот тим од утре ќе биде дел од НБЦ-Купот во Клуж, Романија.