Недела, . октомври се одржа, Скопскиот Маратон, на овој најмасовен атлетски настан свое учество зедоа близу 8.000 тркачи. Нашиот, Петре Завировски по 3 пат во кариерата успеа да ја совлада маратонската делница 42.195км.
Тој по 9 години одново трчаше, како што самиот кажа по 9 години одново низ сите кругови на пеколот и назад. До 30-тиот километар имаше инзвореден ритам што го водеше до резултат околу 3 часа и 5 минути. Но потоа следеше маратонско проклетство и удирање во ѕид. Буквално тоа беше распаѓање.
Но како што кажа самиот откажување не беше опција во ниеден случај. Со лазење, но ќе финиширав. Уште еднаш го покажа својот борбен дух и сезоната за него продолжува. Односно на 23 октомври ќе настапи на трката на македонската револуционерна борба во парк шумата Гази Баба.