На дуелот Слога Виница – Вардар главен судија ќе биде Ѓоргиев Крумислав од Штип. Ќе му помагаат Новачев Петар и Црвенов Роберт од Велес, додека пак четврти судија ќе биде Величков Боби исто така од овој град.
Очекуваме фер и коректно судење од Ѓоргиев. Инаку, Вардар брка нова победа и останување на првата позиција на табелата. Дуелот утре ќе започне со почеток од 13 часот.
Комитите најавуваат голема поддршка за Вардар и во Виница.