Помладите пионери на Вардар, денес на “Локомотива” ја пречекаа екипата на ФК Шкупи 1927 . На оваа средба гостинот дојде до победа со резултат 1:2 (0:0).
Вардар: Јаневски, Поповски, Смиљков, М.Крстевски, Давитов, Јордановски, Стојанчевски, А.Крстевски, Шаботиќ, Радевски и Дамевски.
Првиот дел заврши со почетниот резултат 0-0. Противникот немаше ни еден опасен удар кон голот на Лука Јаневски. Прва прилика за нас имаше Давитов Петар. Се заканивме и од слободен удар, шутот на Смиљков Филип заврши над гредата. Вардарци имаа повеќе од играта во поле во првите 45 минути. Последен обид имаше Стојчевски Ненад од дистанца кој не донесе водство.
Вториот дел започна лошо, противниците искористија наша грешка и поведоа со 0-1. Имаа шанса и за удвојување на предноста, но Лука Јаневски фати два опасни удара. Со измени се обидовме да го смениме ритамот. За жал со удар од дистанца на средината на вториот дел гостите ја зголемија предноста на високи 0-2. Нововлезениот Блажевски се закани од дистанца кај нас. Ние ја преземавме иницијативата во втората половина од ова полувреме. Тоа донесе намалување на на 1-2, стрелаше Давитов Петар. По голот тргнавме по реми, за жал не погодивме до крајот.
Играа уште: Керими, Котевски, Блажевски, Бакрачевски, Димов и Трајчевски.