Доминантен Вардар во Виница за сигурна и убедлива победа од 0:3 за потврда на лидерското место на табелата.
Уште во втората минута од натпреварот Вардар дојде до предност. Успешен реализатор беше Филип Јаневски за рано водство на нашиот тим. По голот, Вардар продолжи да доминира на теренот и да ја бара шансата за нов гол. Таа дојде кон крајот на првиот дел. По еден старт над Христов, беше досуден пенал за Вардар, а успешен реализатор на најстрогата казна беше Мицевски со еден одличен удар за 0:2 на полувреме.
Во вториот дел Грнчаров одмори неколку фудбалери, па така на теренот влегоа играчите со помала минутажа. До третиот гол на Вардар се чекаше се до 70.минута, кога по една грешка на домаќинот Христов погоди во празната мрежа за убедливи 0:3. Со овој резултат заврши дуелот.
Вардар останува лидер на табелата и по оваа рунда.