Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите и младинците поразени кај Шкупи
Кадетите и младинците поразени кај Шкупи

Кадетите и младинците поразени кај Шкупи

Кадетите и младинците на ФК Вардар, денес гостуваа кај тимот на ФК Шкупи во населба Бутел, на овие средби бевме совладани. 

Младинците на Вардар  на  средбатa која се одигра во населба Бутел дојдоа  2-1 (1-1).

Вардар: Апостоловски Илија, Фидановски Зоран, Величковски Никола, Стојановски Стефан, Дошев Ѓорѓи, Анчевски Никола, Јовановски Филип, Цветков Горјан, Алексоски Андреј , Стојилевски Марко и Спасиќ Тино. 

.
Во првиот дел видовме два гола, по еден во двете мрежи. Најпрвин домаќинот на самиот почеток во 5.минута отвори со погодок за 1-0. Ние тргнавме по ова да ја вратиме резултатската симетрија. Успеавме во 32.минута, за 1-1 стрелаше за црвено-црните Величковски Никола, резултат кој се покажа како конечен. Најпрвин одлично исолира Цветков Горјан, кој даде одлична асистенција до Величковски, кој беше го мина чуварот и стрелаше силно.

.

Во вториот дел двата противникот погоди за конечни 2-1.

Играа уште во вториот дел и Филевски, Каровски, Уневски, Стојановски и Блажевски.

.

Кадетите исто така беа совладани со 2-1 по пресврт, ние имавме водство по 45.минути фудбал во Бутел, водевме со 0-1.
Во првиот дел ние повеќе имавме од играта, веќе по 14.минути поведовме на оваа средба. За 0-1 стрелаше Нурединовски Алтин, кој погоди атрактивно надвор од 16.метра. Успеавме да ја зачуваме предноста и на одмор заминавме со гол позитива.
.
Во вториот дел тргнавме лошо по само две минути со наш автогол, ривалот успеа да изедначи на 1-1. Имаа двата тима прилики за гол, сепак екипата на Шкупи беше таа која погоди во 70.минута поведоа со 2-1, резултат со кој го добиа овој натпревар. Ние имавме шанса во овој период преку Радевски Филип.
.
Вардар: Данстак Андреј, Трајчевски Александар, Рахми Рами, Кулуковски Влатко, Ајетовиќ Нуман, Бундалески Максим, Туша Агрон, Кузмановски Михаил, Сековски Дарко, Нурединовски Алтин и Радевски Филип.
Играа уште: Рамани Хадис и Стојановски Димитар.