Пионерите на Вардар, денес беа домаќини на ФК Шкупи на стадионот „Локомотива“. На оваа средба дојдоа до победа со резултат 3-1 (1-0).
Вардар: Нанчовски Стефан, Брзаковски Ангел, Атанасовски Лука, Спасовски Милош, Порчу Димитар, Николовски Марко, Величковски Андреј, Танчев Михаил, Гаштаров Матеј, Бектеши Хабиб и Миовски Александар.
Првиот дел беше борбен, двата тима се надигруваа претежно на средината на теренот. Ние се обидуваме да ја разбиеме одбраната на ривалот со комбинација пред нивниот казнен простор. Прва прилика имаше за црвено-црните Танчев. Се играше 33.минута, на 30.метра одкосо топка доби Марко Николовски, кога сите очекуваа центар-шут, тој се одлучи за луциден удар кој донесе водство со овој атрактивен погодок. До крајот успеавме да ја задржиме предноста и на одмор заминавме со гол позитива.
Вториот дел беше идентичен како првиот, се започна со цврста игра на двата тима. Ние како минуваше времето успеавме да ја преземе инцијативата и атакуавме на удвојување на предноста. Успеавме да поведеме со 2-0 и да најавивме победа, топката ја доби Гаштаров Матеј кој со одличен удар од над 25.метра стрелаше на средината на вториот дел за предност со два гола. Бевме подобри па дојдовме до високи 3-0, Тачев одлично „украде“ топка на 20.метра, го мина својот чувар и асистираше до слободниот Марко Николовски кој со својот втор гол успеа да донесе три предност. Ривалот намали на крајот на 3-1.
Играа уште: Цековски, Хасиќ, Цониќ, Ѓорѓиевски, и Анастасовски.