Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ецкоски Марјан ќе ни суди утре

Ецкоски Марјан ќе ни суди утре

ФФМ ја делегираше судиската четворка за утрешниот натпревар на Градски помеѓу екипите на Вардар и Македонија ЃП. Овој натпревар, како и минатиот на Вардар, ќе го суди Ецкоски Марјан од Охрид. На него ќе му помагаат Костоски Зоран и Смилкоски Марјан, додека пак четврти судија ќе биде Јорданоски Илчо.

Делегат на мечот ќе биде Ангелов Серафим од Кочани.