По пауза од една недела, утре на програмата е ново коло од првата македонска фудбалска лига. Во него, шампионот на Македонија, тимот на ФК Вардар како домаќин ќе го пречека тимот на Македонија од Ѓорче Петров.
Вардарци по тринаесет одиграни рунди се наоѓаат на првата позиција на табелата со освоен 31 бод, или девет победи, четири нерешени и ниту еден пораз. Утрешниот ривал на Вардар во моментов го завзема претпоследното место на првенствената табела со само десет освоени бодови на тринаесет oдиграни натпревари. Овие два тима оваа сезона се сретнаа еднаш и тоа во Ѓорче, каде што Вардар славеше убедлива победа од 4:0 со головите на Грнчаров, Балотели, Николов и Глигоров.
Очекуваме утре нашиот тим да стигне до уште една лесна и убедлива победа, и со самото тоа да ја продолжи серијата од дванаесет натпревари без пораз. Натпреварот утре ќе започне во 13 часот, а билетите ќе бидат по цена од 100 денари.