Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЈУНИОР ЛИГА: Во женските дуели Н.Лисиче подобар од К.Вода во генер.2004/05, Делчево го совлада РК Будимир кај генер.2002/03
ЈУНИОР ЛИГА: Во женските дуели Н.Лисиче подобар од К.Вода во генер.2004/05, Делчево го совлада РК Будимир кај генер.2002/03

ЈУНИОР ЛИГА: Во женските дуели Н.Лисиче подобар од К.Вода во генер.2004/05, Делчево го совлада РК Будимир кај генер.2002/03

Изминатиов викенд беа активни натпреварите од третото коло во ракометната Вардр Јуниор лига и тоа во неколку различни градови. Во С.Ц “Јане Сандански“ беа одиграни два натпревари кај девојките во генерацијата родени 2004/05 и 2002/03 од кој ви носиме извештаи.

Во дуелот кај младите дами родени 2004 и 2005 година, екипата на РК Ново Лисиче беше подобра од тимот на Опш. Кисела Вода 1 со 8-5. Дуелот имаше две различни полувремиња во првото доминираше победникот Ново Лисиче,а во вториот дел се играше израмнет ракомет. Мечот со погодок го отвори Ново Лисиче, девојките на Кисела Вода се обидоа да вратат во двата следни напада, но неуспеаа. Ново Лисиче поведе најпрвин со 2-0, а потоа со три гола отиде на високи 5-0. Во финишот конечно им појде од рака на девојките на Кисела Вода и постигнаа два последователни погодоци за намалување на водството на 5-2, резултат со кој се отиде на одмор. По крајот на првиот дел во вториот се играше многу поборбено, двата тима постигнаа по три гола за мечот да заврши со резултат 8-5. Повторно први стрелци беа сестрите Бојана и Борјана Коцева со по три гола кај победникот. Кај поразениот тим два гола постигна Мила Крагаљ.

Во дуелот кај девојките во генерација 2002/03 екипата на РК Делчево ја совлада екипата на РК Будимир со резултат 22-16. Овој дуел изобилуваше со многу погодоци, динамичен ракомет и одлична престава на двата тима. Поведе тимот на РК Будимир со 1-0, пота веднаш следуваше серија 1-7, со која Делчево поведе со пет плус, односно 2-7.   Сепак девојките на РК Будимир непланираа да се предадат враќаат и они со серија, 6-2 и доаѓаат на минимална негатива 8-9. Делчевки несакаат да го изгубат добиениот меч, прават повторно офанзива и серија 2-9 со која поведуваат со 10-18, по кој веќе е познат победникот на 7-8 минути до крајот на дуелот. Девојките на Будимир единствено успеваат до крај да ја ублажат негативата, тие беа поразени со 22-16. Кај победниците Сугарева Исидора имаше 5 гола колку и Јована Илиевска, кај поразените Ева Атанасова имаше 6 гола, а Роза Атанасовска имаше 4.