По официјално договорените пресметки со екипите на Динамо Киев од Украина и со тимот на Хајдук од Хрватска, екс шампиони на својте земји, Вардар официјално договори уште еден супер силен тест дуел на зимските подготовките во Анталија.
Официјално, на 29. јануари во Турција, Вардар ќе ги одмери силите со шампионот на Србија и тим кој оваа есен играше во групната фаза во Лигата на шампионите, екипата на Црвена Звезда, која неодамна доби нов тренер во името на прославениот европски фудбалер и шампион со Интер, Дејан Станковиќ.
Очекуваме во текот на денешниот ден или најдоцна утре, да бидат потврдени официјално и сите контроли на нашиот тим на зимските подготовки.