Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на Вардар со пораз го завршија турнирот во Белград

Пионерите на Вардар со пораз го завршија турнирот во Белград

Момците на Зоран Петковски-Зенга, пионерите на Вардар кои настапуваа на кадетски турнир во Белград каде беа најмлади учесници со пораз го завршија настапот. Денес беа поразени од тимот на Рибница .

Вардаровите пионери отворија со предност на почетокот водеа со 2-0, потоа и со 3-2. Ривалот успеа да изедначи на 4-4. Се играше гол за гол, постојано бевме до околу резултатската симетрија се до резултат 8-8. Со мини серија 1-3 противникот поведе со два плус 9-11, токму со таа разлика за нив се замина на одмор, на пауза беше 11-13 за нив.

Вториот дел започна со наш гол за враќање на минимална негатива (12-13), потоа поврзрасниот противник имаше повеќе од играта. Тие со три гола во серија поведоа со 12-16, по овој момент се до крајот на дуелот тие ја контролираа разликата, не ни дадоа шанса да се доближиме. Поразот дојде со резултат 22-27 на крајот.

По пет гола имаа кај нас Александар Стојменов и Матеј Трајановски.