Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо кој со Вардар ја освои ЛШ: Избран за најдобар светски тренер во 2019

Парондо кој со Вардар ја освои ЛШ: Избран за најдобар светски тренер во 2019

Традиционално, најпопуларниот ракометен портал „Handball planet“ ги додели наградите за најдобрите поединци во ракометот.

За оваа 2019 година, за најдобар тренер е избран поранешниот предводник на Вардар, Роберто Гарсија Парондо. Шпанецот   направи вистински подвиг искачувајќи се на тронот во Келн. За изборот на Парондо гласаше жири кое се состоеше од 22 новинари ширум светот,  но и љубители на ракометот кои можеа да гласаат онлајн. За потсетување во  2017 година ова признание го доби  Раул Гонзалез кога исто така дојде до титулата во ЛШ со црвено-црните.