Девојките на Жаклина Стојановска се есенски прваци, тие ја потврдија доминацијата оваа есен во Првата лига. Кошаркарките на Вардар заминуваат на „зимување„ со максимални 18.бода по победата вчера во 9.коло како гости.
Вардарки гостуваа на екипата на ЖКК Крива Паланка во истоимениот град. Тргнавме офанзивно во првиот период, во одбраната бевме на ниво па по 10.минути кошарка водевме со осум плус (15-23). На одмор заминавме со 27.поени позитива, во втората четвтина целосно го „скршивме“ отпорот на ривалот и заминавме на одмор со резултат 31-58. Во вториот период само еден тим играше на теренот, дозволивме само 15.поена за 20.минути, дојдовме и до 100ката на крајот. Победата дојде со резултат 46-100.
Следува зимска пауза на која заминуваме како лидери со 18.бода, зад нас е екипата на Бадел која дојде до 17, треттопласирана е екипата на Струга со идентичен скор како и баделки. Првенството е предвидено да продолжи на 25/01/2020.