Во пионерската лига на сила е зимската пауза по крајот на есенскиот дел, по одиганите 9.кола сосема заслужено на „зимување“ како лидер со „залиха“ од пет бода патува тимот на Вардар. Девојките на Анжела Платон и Марија Папуџиева со максимални 27.бода ќе ја дочекаат зимската пауза помеѓу двете полусезони.
Во сите девет кола дојдовме до високи победи, на сите девет напревари покажавме целосна доминација и дека сме прв фавориот за одбрана на титулата. На ниту еден натпревар не заминавме со негатива на одмор, уште по првиот дел нашите победи се „назираа“ на овие средби. Веќе по есенскиот дел имаме голема бодовна залиха пред ривалите, добар дел од мечевите беа монотони бидејќи отпорот го кршевме на самиот почеток. Доминацијата е одсликана во резултатите, во продолжение сите девет одиграни кола:
1.коло Велкова5- Вардар 13:27
2.коло Вардар- КЛ Лазаров 37:07
3.коло Куманово-Вардар 12:27
4.коло Вардар-Металург 26:15
5.коло Делчево-Вардар 15:25
6.коло Алушовски-Вардар 14:24
7.коло Вардар-Драчево 29:03
8.коло Аеродром-Вардар 11:22
9.коло Вардар-Ѓорче Петров 23:08
Табелата таа јасно ја одсликува нашата “хегемонија“ во сите аспекти на ракометната игра во пионерската група-1 каде што настапуваме. Имаме максимални 27.бода, Металург вториот зад нас е на минус пет, а екипата на Аеродром е на минус шест на позицијата број три. Од сино-белите од Автокоманда, имаме повеќе постигнато дури 66 гола, од аеродромки имаме неверојатни 85 погодоци повеќе. Ние нормално го имаме првиот напад со дадени 237 гола ( 26,33 постигнати во просек на еден меч), кај одбраната сме први и единствени со двоцифрена бројка на примени голови, односно со 98 (10,80 примени погодоци по одигран дуел).
Лидерската позиција е повеќе од заслужена за црвено-црните дами, доминацијата е преточена на терен. За илустрација екипаа која во групата-2 е лидер по есенскиот дел, ЖРК Стружанка има далеку послаби перформанси од нас, тие во просек имаат 21 постигнат гол и 12,20 примени погодоци по дуел.