Годината која полека изминува повторно ќе биде обележана како успешна за екипата на Вардар. Во 2019 година успеавме по втор пат да ја освоиме Европската титула, и дa стигнеме до петтиот трофеј во СЕХА-лигата.
Токму медија тимот на СЕХА ги одбележа рекордите во 2019 година, во кои се и Вардар со новите титули. Најефикасниот меч со вкупно 81 гол го одиграле токму црвено-црните, кога на домашен терен го победивме Мотор Запорожје со резултат 44:37. Играчот на Брест Мешков Микита Ваилупау постигнал најмногу голови на еден меч, вкупно 20 погодоци, додека Матеа Додиќ од Металопластика е најмладиот играч кој оваа сезона заигра во СЕХА-лигата.