Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ВАРДАР ДОБИВА СУПЕР ЗАСИЛУВАЊЕ: Петриќ ќе тресе мрежи за Вардар!
ВАРДАР ДОБИВА СУПЕР ЗАСИЛУВАЊЕ:  Петриќ  ќе тресе мрежи за Вардар!

ВАРДАР ДОБИВА СУПЕР ЗАСИЛУВАЊЕ: Петриќ ќе тресе мрежи за Вардар!

Талентираниот српски бек, Стефан Петриќ и официјално е нов ракометар на Вардар, откако потпиша двегодишен договор со црвено-црната чета.

Со ова, црвено-црните ја добија битката со португалскиот гигант Порто, кој исто така беше заинтересиран за доскорешниот ракометар на Партизан Станува збор за син на поранешниот вардарец, Владимир Петриќ, кој во 2015 година се пензионира токму во дресот на Вардар. Петриќ е третиот српски ракометар во црвено-црниот табор за следната сезона, по Дарко Ѓукиќ и Марко Срдановиќ, кој пред три недели потпиша договор со скопјани.

Ова не е единствена добра вест за навивачите на двојниот европски шампион, со оглед што доаѓа и потврда за останувањето на Бразилецот Леонардо Дутра. Средниот бек дојде на полусезона од Ла Риоха, кога потпиша до крајот на сезоната, со можност на продолжување на соработката, што и се случи. Дутра може да покрие и на позицијата лев бек, а претходно во кариерата има настапувано и за шпанска Куенка и за Висла Плоцк.