Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Марио Сурлов: Вербата во себе ни го донесе првото место во детската лига
Марио Сурлов: Вербата во себе ни го донесе првото место во детската лига

Марио Сурлов: Вербата во себе ни го донесе првото место во детската лига

Успешна сезона зад себе имаше екипата на ФК Вардар (2) од генерацијата родени “2004“ година. Тие успеаа да ја освојат детската лига, победувајќи ја во големото финале екипата на Брегалница. Вкупно 20 победи за цела сезона од кои (8) се во есенскиот дел и (12) во пролетниот дел на лигата. Форца беше единствената екипа која успеа да ни одземе бодови и тоа еднаш со победа и нерешен резултат.  Беа постигнати 111 голови во противничките мрежи, што се бројки за почит за оваа екипа предводена од тренерот Филип Арсовски. Еден од играчите кој имаше голем придонес во освојување на првото место беше стоперот Марио Сурлов. Овој играч успеа да постигне два гола во триумфот на својата екипа, во финалето против Брегалница, меч кој заврши со резултат 3:1.

-Во изминатава натпреварувачка сезона задоволен сум од постигнатиот успех на мојата генерација. На финалниот натпревар со екипата на Брегалница влеговме мотивирано, подучени од елиминацијата на нашите соиграчи во полуфиналето, токму од истиов противник. Ние како екипа бевме сигурни дека ќе го освоиме завршниот турнир на детската лига. Немавме посебна тактика, но нашиот тренер веруваше во нас и не мотивираше. Агресивноста и константниот притисок на противничката половина и вербата во себе беа клучните фактори за освојувањето на првото место. Ние како играчи тој ден бевме горди што ги браневме боите на најголемиот клуб во Македонија.

Оваа генерација имаше добар настап на силниот меѓународен турнир “Балканика куп“в , на кој го освои првото место. Во полуфиналето и финалето беа совладани најдобрите Бугарски екипи, Левски и ЦСКА од Софија. Паралелно играа и во “Јуниор“ лигата, каде исто така остварија голем број на победи.

-На турнирот во Сандански имаше многу квалитетни и добри екипи, на кој ние го освоивме првото место и докажавме дека сме квалитетна екипа. Во големото финале бевме подобри од ЦСКА Софија, која важи за една од најдобрите младински школи во оваа земја. Исто така се натпреварувавме и во “Јуниор“ лигата, која е организирана од нашиот клуб, каде има исто така квалитетни екипи, но и послабо организациски кои имаат можност да играат во една ваква лига. Лично за себе мислам дека одиграв добра сезона, како одминуваа натпреварите имав се подобри настапи, изјави Марио Сурлов за нашиот сајт.

Звонко Ивановски