Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Во недела ќе “тестираме“ со Марибор- Словенија
Во недела ќе “тестираме“ со Марибор- Словенија

Во недела ќе “тестираме“ со Марибор- Словенија

Следниот четврти тест на летните подготовки за ФК Вардар не очекува овој викенд, во недела играме пријателски дуел со екипата на вице-шампионот на Словенија тимот на Марибор. Овој меч ќе се одигра во Хрватска каде нашите момци ги одработуваат овие денови од подготовките, тимот е сместен во хрватскиот Свети Мартин на Мура (хотел Спа Голфер). Вардарци полека ја темпираат формата за она што ги очекува на 12-ти јуни мечот во Л.Ш со загребски Динамо кој ќе се одигра на арената “Филип Втори“ од 20-45часот и за кој веќе од денес се достапни билети во продажба.

Марибор лани заврши како второпласирана екипа во нивната најсилна фудбалска конкуренција, тие ја изгубија титулата од Олимпија-Љубљана по поладецениска доминација во лигата, тие претходно пет години по ред беа шампиони на Словенија и учесници во квалификациите од Лигата на шампионите.Тие лани и ако не беа шампиони беа најефикансиот тим во лигата со 78 гола постигнати во 36 кола. Марибор на двата последни одиграани  пријателски мечеви се сретнаа со екипи со кои и ние одигравме мечеви. Тимот со кој ние одигравме реми   Штурм  го добија со 2-1, а пак во Јагелонија која ние ја совладавме со 2-0 им нанесе пораз од 3-2. Овој меч со словенците е предвиден за недела попладне на 3-ти јули тоа според планот за подготовки е последен наш пријателски дуел бидејќи избраниците на Гоце Седлоски следниот ден на 4-ти во понеделник се враќаат во Скопје.