Откако дојдоа во Струмица и се запознаа со теренот и условите за игра, тренерот на Малме Магнус Пехрсон, одржа прес-конференција. За разлика од нашиот тим, пресот на Малме траеше нешто по долго.
“Не очекува еден тежок натпревар, меѓу другото и лошиот терен за игра. Но ние сме тука и не бегаме од тоа, сега многу повеќе знаеме за Вардар. Добро анализиравме што се случуваше на првиот дуел во Шведска, се надеваме дека ги воочивме грешките. Вардар воопшто не е наивен противник, игра тимски фудбал со многу борба, сигурен сум дека ќе биде така и утре” – рече Пехрсон.