Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Седлоски: Верувам во моите играчи дека ќе остварат позитивен резултат, кој ќе однесе понатаму во ЛШ
Седлоски: Верувам во моите играчи дека ќе остварат позитивен резултат, кој ќе однесе понатаму во ЛШ

Седлоски: Верувам во моите играчи дека ќе остварат позитивен резултат, кој ќе однесе понатаму во ЛШ

Денес беше одржана прес-конференција на фудбалскиот клуб Вардар, по повод утрешниот реванш дуел од ЛШ, против екипата на Малме. По првиот натпревар одигран во Шведска, резултатот е 1:1 кој им дава подеднакви шанси на двете екипи да се пласираат во следната елиминациска рунда од најголемото натпреварување. Прес-конференцијата беше одржана во Струмица, каде од вчера се наоѓа екипата на ФК Вардар. Шефот на стручниот штаб, Гоце Седлоски верува во своите играчи дека ќе извлечат поволен резултат, кој ќе ни донесе пласман во следното коло.

-После оние 90 минути кои ги одигравме во Малме и тој поволен резултат што го имаме 1-1, утре не очекува еден друг меч, сосема потежок од тој во Малме. Но, јас верувам во моите момци, во играчите, верувам во нив дека ќе дадат се од себе и ќе ни донесат позитивен резултат,  кој ќе не однесе во следното коло од квалификациите за Лигата на шампионите.