Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци имаат поволен распоред на одигрување натпревари, во најсилната група А, целта останува иста и тоа прво место на крајот од групната фаза
Вардарци имаат поволен распоред на одигрување натпревари, во најсилната група А, целта останува иста и тоа прво место на крајот од групната фаза

Вардарци имаат поволен распоред на одигрување натпревари, во најсилната група А, целта останува иста и тоа прво место на крајот од групната фаза

Европскиот ракометен шампион, тимот на РК Вардар го дозна распоредот на одигрување натпревари во лигата на шампионите. Може да се каже дека добивме поволен распоред на одигрување мечеви. Сезоната и одбраната на Европската титула ќе ја започнеме на гостински терен против тимот на Висла Плок. Вицешампионот на Полска е многу незгодна екипа, која знае подобро да одигра на гостински терен. Сепак и домашната публика се голем адут на противникот, а црвено-црните во меѓусебните дуели со оваа екипа немаат победа на гостинкиот терен во Полска. Дали е време да се совлада за прв пат тимот на Висла Плок, на гостински терен. ќе видиме на почетокот на новата натпреварувачка сезона. Првиот домашен меч за Вардарци ќе биде оној во рамките на второто коло кога во Јане Сандански ќе ја пречекаме екипата на Нант. Досега немаме одиграно дуел со оваа екипа, која за нас е непозната и за која ќе настапува Кирил Лазаров и ред други квалитетни ракометари. Без оглед на противникот, Вардар секогаш пред својата публика ќе биде голем фаворит во дуелите со противниците, така ќе биде и против Нант.

Второто гостување ќе биде во Унгарија, против нас добро познатата екипа на Пик Сегед, со која имаме одиграно неколку натпревари изминативе неколку сезони. Избраниците на Раул Гонзалес покажаа и претходно дека знаат како да играат во Сегед со овој противник и веќе ги имаме совладано избраниците на Пастор, пред нивната публика. Во следните две кола, Европскиот шампион ќе биде домаќин во својата арена, каде најпрво ќе ја пречекаме екипата на Кристијанштад, за една недела подоцна да го одиграме и големото дерби со тимот на Барселона. Тоа ќе биде вистински празник за ракометот во Скопје и Македонија, каде повторно ќе се сретнат екипите, кои играа во полуфиналето на последниот завршен турнир во Келн. После овие мечеви ќе следи “незгодното„ гостување кај шампионот на Германија, тимот на Рајн-Некар. На последното гостување кај овој противник, бевме убедливи, се надеваме дека така ќе биде и оваа сезона. Првиот дел од групната фаза ќе го заокружиме со мечевите едноподруго со ППД Загреб. Најпрво избраниците на Гонзалес ќе гостуваат во Хрватска, за веднаш потоа да го одиграме и реваншот во Скопје, по што ќе бидеме на половина од натпреварите, во најсилната група А.

Очекувањата се секако повторно да се бориме за врвот во групата А, каде целта секако ќе биде да се стигне до првото место во групата, кое понатаму води директно во четврфиналето, како што тоа беше случај минатата сезона. Не очекуваат многу интересни мечеви и нови возбудувања, кои ќе ни ги приредуваат нашиот миленик и екипите со кои ќе се надигруваме.