Вчера во мечот од 30-сетото коло во првата македонска фудбалска лига црвено-црните избраници на Гоце Седлоски однесоа важна победа во гости кај кратовски ФК Силекс. Со овие три нови бода сме само на 1 бод до прослава на 10-та црвено-црна титула државен шампион во нашата богата историја која датира од основањето во далечната 1947 година. Отворивме со прекрасниот гол од слободен на Фелипе во 21 минута, потоа на самиот почеток во вториот дел домаќините израмнија на 1-1 преку Иванов во 47 минута. Сепак трите бода за нас ги осигура со гол Ќеран во 63 минута кога го постави конечниот резулат 1-2. Со победава големиот христијански празник Велигден го дочекавме со комотна предност на врвот од табелата (фото).
До крајот ни требаа само едно реми за прослава на титулата, најпрвин дома го чекаме Шкупи во меч кој е во рамките на следното 31. коло и се игра на 8 мај, заради нашата суспензија местото на одигрување на натпреварот ќе биде познато дополнително. Потоа во гости кај Работнички го играме последното коло за кое се надеваме дека ќе го дочекаме како “крунисани“ .