Црвено-црните девојки предводени од Кастратовиќ која овој меч го водеше без Камара кој беше во Унгарија со машкиот ракометен колектив забележаа прва “50-ка“ сезонава во плеј-оф сегментот од женската Супер лига. Тие на домашен терен во малата сала при спортскиот центар Јане Сандански забележаа убедлива победа со екипата на битолски ЖРК Пелистер од 51-16 (24-5).
Овој дуел го игравме без неколку првотимки : Лејно, Лекиќ и Лазовиќ . Мечот го почнавме фуриозно со водство во наша корист од 13-2 до негде половината од првиот дел. До крајот на истиот ништо ново не се случуваше ние само ја полневме мрежата на зелено-белите девојки кои беа тотално немоќни во оваа средба со учесникот на Ф-4 турнирот во елитната женска ракометна европска лига кој е следен предизвик за вардарки. Првиот дел го завршивме со 24-5 , а во вториот продолживме со фуриозната игра и ако треба да се напомене дека гостинките имаа нешто подобар учинок и постигнаа двоцифрен број голови во нашата мрежа односно 11 во вториот дел. Ние броевме до 51 гола, исто толку колку што минатата сезона успеавме да погодиме во дуелот со Ѓорче што беше највискок број на постигнати гола за нас лани. Вардар: Петковска, Радичевиќ, Кликовац 7, Дамњановиќ 1, Дембеле, Сокач, Алтхаус, Пенезиќ 6, Черноиваненко 5, Човиќ 12, Суслина, Хмирова 2, Ристовска 9, Грбиќ 9.