Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ФОТО) Шиле не вивна на плус девет на табелата, македонското дерби со Пелистер веќе во недела

(ФОТО) Шиле не вивна на плус девет на табелата, македонското дерби со Пелистер веќе во недела

Вчера нашиот црвено-црн фудбалски колектив во Тетово по “пост“ од пет години триумфираше над екипата на Ренова. ФК Вардар однесе победа со 1-0, голот го постигна “џокерот“ од клупата на Седлоски, (видео) Дејан Блажевски-Шиле. Овој негов погодок беше доволен за нови три бода. Покрај ова нашиот конкурент тетовска Шкендија се “лизна“ во мечот со Работнички. По крајот на ова 25.коло успеавме да се одлепиме на табелата на одлични “плус девет“ пред единствениот противник за титулата во земјава.

ТАБЕЛА ПМФЛ 25.КОЛО!

ТАБЕЛА ПМФЛ 25.КОЛО!

Црвено-црните ја имаат најдобрата одбрана во лигата со само 13 примени гола, втора најдобра одбрана во лигата е таа на битолски Пелистер со 19 примени гола, тим против кого играме во следното коло од првата лига. Вардар го има вториот најефикасен напад во лигата, со постогнати 48 гола сме на само погодок зад нападот на ФК Шкендија. Веќе во недела продолжуваат возбудувањата, повторно не очекува тежок дуел. На програмата е “Македонско фудбалско Ел-класико“ ние сме домаќини на екипата на ФК Пелистер од Битола. Натпреварот е закажан за во недела на 9-ти април со почеток во 16-00 часот на Телеком Арената. Се надеваме на нова победа против тимот кој има одличен состав годинава и уште еден чекор понапред кон новата 11-та титула во црвено-црната историја или 10-та во македонската фудбалска елита. До крајот има за доигрување уште 11кола или во игра се уште 33 бода па затоа од меч во меч мора да идеме на победи и осигурување на титулата. Особено “залихата“ треба да ја чуваме за пеколниот дел кога имаме три гостувања по ред кај Силекс, Силекс и Шкендија на крајот од третиот и почетокот од четвртиот круг.