Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи домаќини на Брегалница, кадетите и младинците гостуваат во Штип

Пионерските екипи домаќини на Брегалница, кадетите и младинците гостуваат во Штип

Во сабота и недела ќе се одигра 16 првенствено коло кај младинските фудбалски категории. Пионерските екипи во недела се домаќини на екипата на Брегалница, додека кадетите и младинците во сабота ќе гостуваат во Штип на истиов противник.

Помладите пионери својот натпревар против Брегалница го играат во недела на теренот на академијата од 10 часот. Оваа генерација е во подем, откако забележа три победи на последните четири натпревари во пролетниот дел од сезоната. На првиот дурл одигран во Штип, црвено-црните триумфираа со убедливи 1:4. Брегалница се наоѓа во долниот дел на табелата, додека Вардар со триумф може сериозно да се вмеша во борбата за трофејот. Тие моментално се на петтото место со само три бода помалку од второпласираниот Металург, а шест од лидерот Работнички.

Пионерите полека го губат чекорот за првото место, па до крајот на сезоната најверојатно им останува борбата за вицешампионската позиција со екипата на Шкендија. Во оваа категорија убедливо прв е тимот на Шкупи, кој има десет бода повеќе од Вардар. За избраниците на Сашо Тодоровски останува да ја подигнат формата пред натпреварите од полуфиналето во купот на Македонија, каде го бранат трофејот во ова натпреварување. Мечот со Брегалница започнува во 12 часот.

Право на грешка немаат ниту кадетите, бидејќи секој изгубен бод ги носи чекор назад во борбата за шампионската титула. Во оваа генерација, екипата на Брегалница се наоѓа на претпоследното место на табелата, а високиот триумф од есенскиот дел (9:1) дава за право фаворитската улога да им ја препишеме на црвено-црните. Тренерот Влатко Колев сеуште има проблеми со составување на екипата, но се надеваме дека и на ова гостување ќе извлече максимум од своите избраници. Дуелот со Брегалница ќе се одигра во недела од 134 часот на теренот во Штип.

Бреганица највисоко котира во младинската лига, што е можеби мотив повеќе за младинците на ФК Вардар да одиграат добар натпревар. На првиот меч во есенскиот дел, црвено-црните триумфираа со резултат 3:0. И тука е неизвесна борбата за титулата, каде Вардар и Шкендија имаат ист број на бодови. Црвено-црните се големи фаворити на гостувањето во Штип и се надеваме дека со три бода ќе се вратат во Скопје.