Андреа Лекиќ нема да може да им помогне на своите соиграчки на неделниот натпревар против Митјиланд во рамките на 1/4 финалето во Лигата на шампионите. Средниот бек на Вардар се рехабилитира од оперативниот зафат кој беше успешно направен врз неа.
Иако Лекиќ започна со полесни тренинзи, сепак со сигурност ќе го пропушти неделниот натпревар во Данска. Се стравува дека и на возвраниот натпревар нема да може да помогне. Ова е голем хендикеп за тимот на Дибирова пред патувањето за Данска. Сега главниот товар на оваа позиција ќе падне на Дамњановиќ и Хмирова.