Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Одредена судиската двојка за мечот во Данска

Одредена судиската двојка за мечот во Данска

ЕХФ ја одреди судиската двојка која ќе ја дели правдата на мечот во рамките на 1/4 финалето во ракометната Лига на шампиони. На натпреварот во Данска на кој се среќаваат Митјиланд и Вардар, ќе суди судиска двојка од Унгарија.

Станува збор за Петер Хорват и Балаз Мартон. Се надеваме на добро завршена работа на оваа искусна судиска двојка која има судено низа на значајни натпревари во Лигата на шампионите.

Натпреварот во Данска се игра в недела со почеток во 17 часот.