Првиот дел од сезоната во ПМФЛ заврши и официјално овој викенд. Оваа полусезона се одиграа вкупно 18 натпревари. По 18 одиграни рунди вардарци имаат биланс од 12 победи, 5 нерешени и еден пораз (оној од Работнички). Како што можете да забележите и на фотографијата, Вардар има четири бодови предност пред второ пласираниот тим на Шкендија која досега собра 37 бодови. Вардарци по првиот дел од сезоната имаат најдобра гол разлика од сите екипи. Вкупната гол разлика на Вардар е 21, додека пак на Шкендија 15 и на Пелистер 9.