Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Христијан Ѓоршоски: Во оваа сезона влеговме како најмлад и неискусен тим во првата Македонска лига и мислам дека бевме изненадување за сите наши противници
Христијан Ѓоршоски: Во оваа сезона влеговме како најмлад и неискусен тим во првата Македонска лига и мислам дека бевме изненадување за сите наши противници

Христијан Ѓоршоски: Во оваа сезона влеговме како најмлад и неискусен тим во првата Македонска лига и мислам дека бевме изненадување за сите наши противници

Младиот состав на РК Вардар 2 под водство на Зоран Петковски стигна до својата шеста победа во рамките на првата ракометна лига. После поразот во дербито со екипата на Младост и нерешениот резултат на Кале против Преспа, црвено-црните се вратија на победите во лигата, совладувајќи ја екипата на Спартак. Вардарци во второто полувреме го “скршија“ отпорот на домашнот тим и со серија од неколку погодоци се одлепија резултатски од противникот. Конечниот резултат на крајот гласеше 20:26. На коло пред крајот на есенскиот дел остануваме на второто место на табелата со четири бода заостанување од лидерот Младост кој веќе го финишираше првиот дел од сезоната. Со триумф во последното коло против Риниа-М ќе се доближеме на само бод помалку од Богданчани. Во триумфот против Спартак, Христијан Ѓоршоски постигна 4 голови и имаше забележителна улога во овој триумф на Вардар.

-Во оваа сезона влеговме како најмлад и неискусен тим во првата македонска лига и мислам дека бевме изненадување за сите наши противници. Утакмицата со Спартак, мислам во првото полувреме влеговме со мала трема но се водеше изедначена борба каде што успеавме на полувреме да одиме со предност за нас. Во вториот дел игравме со поголема желба а и со поголема физичка подготвеност , успеавме да ја зголемиме разликата на 4 гола за да на крај и победиме со 6 голови разлика, изјави Христијан Ѓоршоски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски