Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > “Рекордната“ генерација “2005“ на Игор Кралевски со 21 победа од исто толку натпревари го заврши есенскиот дел во детската лига и со двете екипи се промовира во есенски шампион
“Рекордната“ генерација “2005“ на Игор Кралевски со 21 победа од исто толку натпревари го заврши есенскиот дел во детската лига и со двете екипи се промовира во есенски шампион

“Рекордната“ генерација “2005“ на Игор Кралевски со 21 победа од исто толку натпревари го заврши есенскиот дел во детската лига и со двете екипи се промовира во есенски шампион

Вардаровата генерација родени “2005“ година заедно со една година повозрасните од “2004“ се наши најуспешни екипи во есенскиот дел од сезоната. Дури ако гледаме според бројот на победи и освоени бодови, врвот за оваа есенска полусезона ќе им припадне на избраниците на Игор Кралевски, иако мора да се напомене дека тие одиграа и повеќе натпревари. Од тука и нивниот успех добива на поголема тежина, ако се земе обзир дека на 21 натпревари колку што заедно одиграа двете екипи, не се најде противник кој на крај можеше да излезе како победник со нашите млади надежи. Во следниов текст преку бројки ќе ви прикажеме како течеше првиот дел од сезоната во детската лига за двете екипи.

267

ФК Вардар (1) одигра десет натпревари, на кои забележа исто толку победи или максимални 30 бодови со кои се промовираа во есенски шампион во својата група. Постигнавме вкупно 73 голови, а примивме само 4 погодоци.

Состав на ФК Вардар (1): Василиј Мариновски, Давор Серафимов, Тино Спасиќ, Симеон Здравковски, Матеј Николовски, Матеј Гаштаров, Петар Пројковски, Ѓорѓи Дошев, Филип Јовановски, Никола Величковски, Давор Лефковски.

vardarfans-57

Според остварените резултати во овој дел од натпреварувачката сезона, ниту една од противничките екипи не беше блиску до триумф. Три натпревари нашите млади надежи ги добија со двоцифрен број на постигнати голови. Останатите мечеви ги добивавме исто така убедливо и на сите нив доминиравме на теренот и не му дозволувавме на противникот многу да се изнаигра. Ова се сите остварени резултати за Вардар (1) во есенскиот дел од детската лига.

1 коло: Вардар – Форца  8:0

2 коло: Вардар – Нова Колонија  6:0

3 коло: Вардар – Њу Старс  14:1

4 коло: Вардар – Шкупи 3:0 ( службено)

5 коло: Вардар – Чаир  10:0

6 коло: Вардар – Металург  3:1

7 коло: Вардар – Њу Старс (3)  6:0

8 коло: Вардар – Бешикташ  3:0

9 коло: Вардар – Албион   5:0

10 коло: Вардар – Ринија  15:2

Ннивните соиграчи од Вардар (2) имаа постигнато вкупно 66 погодоци во противничките мрежи и 6 примени голови. Сепак Вардар (2) одигра еден натпревар повеќе и затоа забележа повеќе победи, или вкупно 11 со што го освоија првото место на табелата во својата група.

Состав на ФК Вардар (2): Леонид Илиевски, Марко Бреслиев, Кристијан Таневски, Влатко Кулуковски, Дамјан Коневски, Стефан Наумовски, Филип Радевски, Лука Јакимовски, Горјан Цветков, Бојан Јаневски, Филип Крстиќ, Стефан Ростовски, Зоран Фидановски.

vardarfans-fk-vardar-2

Интересен податок е што дури во шесттото коло Сарај e екипата која беше сигурно најблиску да ни одземе бодови, но да не биде така се погрижи тогаш Горјан Цветков кој со хет-трик го остави својот тим со стопроцентен ефект. Сите остварени резулати на оваа екипа во есенскиот дел.

1 коло: Вардар – Кул Здравје 4:1

2 коло: Вардар – Драчево Јуниор 7:0

3 коло: Вардар – Хет Трик 3:0  ( службено)

4 коло: Вардар – Работнички  5:0

5 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  14:0

6 коло: Вардар – Сарај   3:2

7 коло: Вардар – Њу Јорк  13:0

8 коло: Вардар – Тефејуз  6:0

9 коло: Вардар – Скупи  4:2

10 коло: Вардар – Њу Старс  3:1

11 коло: Вардар – Албарса  4:0

Капитенот Никола Величковски е најдобар стрелец кај оваа генерација со вкупно 22 постигнати голови. Веднаш зад него се Филип Јовановски со 20 и Горјан Цветков со 19 погодоци.

vardarfans-velickovski

Никола Величковски 22 гола

Листа на најдобри стрелци кај ФК Вардар генерација родени “2005“ година:

1. Никола Величковски 22

2. Филип Јовановски 20

3. Горјан Цветков  19

4. Ѓорѓи Дошев и Стефан Наумовски  7

5. Петар Пројковски, Давор Серафимов и Симеон Здравковски по 6

6. Давор Лефковски и Филип Радески  по 5

7. Тино Спасиќ, Лука Јакимовски и Матеј Гаштаров по 4

8. Дамјан Конески  3

9. Кристијан Танески, Матеј Николовски, Влатко Кулуковски и Бојан Јаневски по 2

vardarfans-naslovna11-660x330

Само како мала споредба од минатата есенска полусезона, оваа генерација денес под водство на тренерот Кралевски го подобри рекордот од минатата година, кога истава генерација имаше само еден пораз во првиот дел од натпреварувачката сезона 2015/16. Подобри се и од аспект на гол разликата, каде тогаш имаа 110 постигнати и 38 примени голови. Богатотото играчко искуство на нивниот моментален предводник, Кралевски позитивно влијаеше на децата кои одиграа перфектна полусезона. Позитивната атмосфера се рефлектираше на децата кои уживаа во играта и со точни и прецизни пасови стигнуваа до противничките голови. Екипата продолжува со одигрување на контролни натпревари на кои ја одржува добрата форма и победничкиот ритам.

189