Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Херем победи со Норвешка, осум гола на Пенезиќ не беа доволни за победа на Хрватска, додека Кликовац со Црна Гора е минимално порзена од Данска
Херем победи со Норвешка, осум гола на Пенезиќ не беа доволни за победа на Хрватска, додека Кликовац со Црна Гора е минимално порзена од Данска

Херем победи со Норвешка, осум гола на Пенезиќ не беа доволни за победа на Хрватска, додека Кликовац со Црна Гора е минимално порзена од Данска

Вчера на програмата беше вториот ден од европското ракометно првенство кое се игра во Шведска. Своите први натпревари со своите репрезентации на овој мундијал ги одиграа Пенезиќ, Човиќ, Херем и Кликовац.

Хрватска го загуби својот премиерен натпревар на ЕП, во дуел против селекцијата на Русија. Може да се каже заслужена победа за избраничките на Трефилов кои имаа контрола на резултатот и постојано водство во текот на целиот меч. Сепак Хрватска беше селекцијата која прва го отвори резултатот и поведе со 0:1, додека на првиот гол Русинките чекаа до петтата минута кога го израмнија резултатот. Во првите десет минути се играше гол за гол, се до моментот кога Русија за прв пат стигна до два гола предност (6:4). До крајот на првиот дел, Русија одржуваше водство од 1-2 гола разлика, Хрватска беше во чекор со резултатот, но во последната минута од вториот дел, Русија успева да поведе со 16:13 што беше резулта по првото полувреме.

vardarfans-penezic

Пенезиќ постигна 8 гола

Неколкуте технички грешки на стартот ја чинеше Хрватска поголема негатива. Во еден момент Русија имаше највисоки седум голови разлика (23:16), по што се одлепија со солидна предност. Се враќаше Хрватска на четири гола негатива, а во 50 минута стигнаа и до минус два (23:25). Сепак немаа сили за нешто повеќе, па до крајот Русија стигна до убедлив триумф од 32:26. Пенезиќ беше предводник на својата селекција постигнувајќи 8 голови, додека Човиќ беше стрелец на 2 погодоци.

vardarfans-covik

Човиќ постигна 2 гола

Кликовац со Црна Гора загуби во дербито на групата од селекцијата на Данска. Скандинавките имаа водство во текот на целото прво полувреме, кое во еден момент достигна и пет голови разлика (10:5). Сепак до крајот на првиот делк, Црна Гора успева да ја намали негативта и на одмор да се замине со резултат 14:11. Избраничките на Драган Аџиќ имаа фуриозен старт на вториот дел кога по само пет минути успеваат да израмнат на 14:14. Во продолжение од натпреварот гледавме израмнет натпревар на двете страни, но во последната минута подобро се снајде Данска, која поведе со 22:21 со удар од седум метри. Црна Гора имаше половина минута да врати, но не успеаа да го искористат нападот, по што конечниот резултат гласеше 22:21. Единствената Вардарка во овој состав, Андреа Кликовац не се запиша во листата на стрелци и играше претежно во одбраната.

vardarfans-klikovac

Андреа Кликовац

Единстената Вардарка која забележа победа во текот на вчерашниот ден беше Камила Херем, која со селекцијата на Норвешка беше подобра од Романија. Резултатот на овој натпревар гласеше 23:21. Одличен натпревар за гледање во кој, Романија само еднаш имаше предност од 5:6, додека Норвешка беше подобрата екипа на теренот. Имаа скандинавките и четири голови разлика, но до истекот на првите 30 минути, Романија намали на 13:11.

Во второто полувреме, Норвешка имаше контрола на резултатот и во еден момент поведе со највисоки пет голови разлика (20:15).  Романија се обидуваше да се врати во мечот, но стекнатата предност беше недостижна за да направат подвиг. Камила Херем беше втор најдобар стрелец во Норвешка, со пет постигнати голови.