Само една победа за вардаровите екипи во дуелите со екипата на Академија Пандев, рамките на 9.првенствено коло.
Единствениот триумф во дуелите со Акад.Пандев го остварија помладите пионери на Вардар кои на домашен терен го совладаа противникот со резултат 2:0. Двата гола беа постигнати во првото полувреме, кои на крајот се покажаа како доволни за победа. Со овој триумф, кој е вкупно шестти за оваа генерација, се вративме на првото место на табелата, откако екипата на Работнички загуби на домашен терен од екипата на Шкендија. Сега Вардар е прв, второто место е за Шкендија, додека Работнички падна на третото место, но градскиот ривал има и натпревар помалку за одигрување.
Дербито во пионерската супер лига им припадна на Акад.Пандев кои на теренот на Академијата го изненадија Вардар. Оваа генерација на Вардар го одигра најлошиот меч сезонава и го претрпе вториот пораз, кој ги симна од лидерското место. Токму Академија Пандев е нов лидер во лигата, со бод предност пред Вардар.
Кадетите освоија бод на гостувањето во Струмица и ова беше прв нерешен резултат за кадетите оваа сезона, кои имаат уште пет победи и три порази. После девет одиграни кола се наоѓаат на 4.позиција со со три бода помалку од Шкендија, но и натпревар повеќе од тетовскиот тим.
Младинците на Вардар доживеа минимален пораз кој ги симна на 6.место на табелата, со вкупно освоени 13 бодови. Лидер во младинската супер лига е Шкендија која има 22 бодови, додека втор е Работнички со 19 бодови.