Претстои пауза на натпреварите во младинските фудбалски лиги. Нашите пионерски екипи одиграа девет натпревари, додека кадетите и младинците ги одиграа сите десет натпревари во лигата. Како лидери во првиот натпреварувачки дел од сезоната завршија помладите пионери и младинците.
Помладите пионери имаат скор од седум победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Пионерите на исто толку натпревари остварија четири победи, два нерешни резултати и три порази.
Кадетите се пласирани на 6.место со скор од четири победи и шест порази, додека нашите младинци се наоѓаат на врвот на табелата со девет победи и само еден пораз.
Помлада пионерска Супер лига
Пионерска Супер лига
Кадетска Супер лига
Младинска Супер лига