Фудбалерите на Вардар утре во Битола го играат дуелот од 1/4 финалето на Купот на Македонија. Со цел што подобро да се подготват на условите за игра и се останато, целиот стручен штаб на Вардар и фудбалерите попладнево ќе тргнат на пат за Битола, каде утре од 13 часот ќе го одиграат натпреварот.
Вардар е во серија од три победи во низа во ВМФЛ-Запад, додека пак Пелистер ја заврши есенската полуетапа во ПМФЛ со ниту една победа и е ,,закован” на последната позиција на табелата.
Фаворити на дерби натпреварите на овие две екипи нема. Ние очекуваме одлична игра од нашиот Вардар и по подолго време пласман во 1/2 финалето на Купот.