Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Вардарецот Алекс Taлески донесе водство за фудбалската репрезентација до 19 години, во стартниот состав против Луксембург се четворица играчи од Вардар
Вардарецот Алекс Taлески донесе водство за фудбалската репрезентација до 19 години, во стартниот состав против Луксембург се четворица играчи од Вардар

Вардарецот Алекс Taлески донесе водство за фудбалската репрезентација до 19 години, во стартниот состав против Луксембург се четворица играчи од Вардар

Во овие моменти во Чешка, македонската фудбалска репрезентација до 19 години го игра решавачкиот натпревар против селекцијата на Луксембург, за пласман во елитната фаза.

По 30 минути игра избраниците на Горан Станковски имаат водство од 0:1 и тоа со погодокот на вардарецот Алекс Талески во 19 минута од дуелот. Инаку во стартниот состав на Македонија се наоѓаат дури четворица играчи на Вардар. Покрај Талески во составот се и Филип Антовски, Стефан Наумчевски и Јакуп Бериша.

По првите две одиграни кола имаме едн нерешен резултат против Хрватска и пораз од домашната селекција на Чешка.