Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ФОТО: Вардарци ептен им се спремаат на Јурецки и Душебаев

ФОТО: Вардарци ептен им се спремаат на Јурецки и Душебаев

46470491_983129318553099_4382928054423388160_n

“Црвено – црната” армија на навивачи на Вардар се подготвуваат за последниот домашен натпревар оваа календарска година во Лигата на шампионите. Точно на први идниот месец, во Скопје гостува тимот на Кјелце од Полска.

Посебен мотив Вардаровите навивачи имаат за оваа екипа бидејќи на дуелот во Полска оваа сезона, нашите ракометари беа на неколку наврати непотребно испровоцирани од секогаш мотивираниот кога игра против нашиот тим Јурецки, и екс играчот на тимот од Скопје, Душебаев кој недолично тргна да се тепа со Шишкарев, но за среќа неговиот сонародник и соиграч Агинагалде го спречи во намерите. Но судиите немаа попуст, па му дадоа црвен картон. Токму поради овие настани, навивачите се “острат” за дуелот.

- Купете билети и дојдете во сала да навиваме за нашиот тим и да го победиме претставникот од Полска на спортскиот терен.