Фудбалскиот клуб Вардар од пред три дена стартуваше со зимските подготовки, во пресрет на пролетниот дел од сезоната. Покрај новото засилување од екипата на Македонија Ѓ.П, бразилецот Леовигилдо Жуниор Реис Родригес кој денес треба да се приклучи на тренинзите на комплексот во населбата Хиподром, новина има и во стручниот штаб на најтрофејниот клуб. Поранешниот играч на Вардар и довчерашен тренер на вардаровите кадети, Златко Таневски ќе биде нов помошник на Алексадар Васоски и заедно со Раденко Бојовиќ ќе го сочинуваат стручниот штаб во Вардар. Танески од вчера веќе работи со првиот тим, а дел од истиот не се веќе Влатко Колев и Сашо Тодоровски.
Тодоровски или популарниот “Рап Тап„ со сигурност се враќа во младинската школа на ФК Вардар, и најверојатно во пролетниот дел ќе ги предводи младинците на Вардар. Тодоровски важи за еден од најдобрите и најтрофејни тренери во млладинската школа, па за очекување е да го превземе младинскиот состав. Останува дилемата дали Влатко Колев се враќа во младинската школа или си заминува од клубот.
Таневски пак е дете на Вардар, кој ги има поминато сите младински категории на клубот. За првиот тим настапуваше во периодот од 2004-2006 година, потоа замина во Полска, настапувајќи за екипите на Лех Позњак и Белхатов. Во 2012 година повторно го облекува црвено-црниот дрес и успева со Вардар на четири пати да стане Шампион на Македонија. Својата играчка кариера ја заврши во 2016 година, а потоа работеше во Академијата на Вардар. Најпрво беше тренер на генерацијата “2009„, за оваа сезона да биде прекомандуван во тренер на кадетите. Сега добива шанса повторно во првиот тим, но сега како асистент на Васоски.