Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ракометна МАКЕДОНИЈА е подготвена, само напред јунаци!
Ракометна МАКЕДОНИЈА е подготвена, само напред јунаци!

Ракометна МАКЕДОНИЈА е подготвена, само напред јунаци!

За нешто повеќе од еден час започнува и официјално Светското првенство и за репрезентација на Македонија.

Ракометните јунаци на чело со Стоилов се подготвени да го остават срцето на терен изминативе натпревари и со најмалку три победи да патуваат во следната фаза од Светското првенство. Од друга страна и атмосферата започнува да се вжештува како во Македонија, така и во „Олимпија хале“ во Минхен, каде се очекува нашата „Фаланга“ да биде најбројна како и секогаш.

Очекуваме лесна победа на стартот против Јапонија и само едно мало загревање за она што ни претстои, а тоа се дуелите против Шпанија, Хрватска и Исланд.

Време е за спорт и Македонија. Дуелот започнува од 15 часот и 30 минути со директен ТВ пренос на МТВ-1.