Фудбалската федерација на Македонија го делегираше кавадарчанецот Темелков Зоранчо за арбитaр на дербито помеѓу црвено-црните состави од Скопје и Тетово. Овој меч од 11-сетото коло во првата лига е директен дуел за шампионскиот трофеј, десега Вардар во минатите 10 кола не е поразен ниеднаш, а Шкендија единствениот пораз го доживеа во меѓусебниот дуел кој се одигра во Куманово.
За помошници на Темелков, ФФМ му ги делегираше Димитров Горан и Гонев Илија од Неготино, а четврти судија е штипјанецот Караколев Никола. Делегат на дуелот кој федерацијата го прогласи за меч со “висок ризик“ е Кранлиевски Ветон од Ресен. Мечот својот почеток ќе го има во 13 часот и 30 минути во недела.