Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на Рк Вардар јуниор, го победија Илинден
Кадетите на Рк Вардар јуниор, го победија Илинден

Кадетите на Рк Вардар јуниор, го победија Илинден

Успешен настап имаа кадетите на Рк Вардар јуниор, во рамките на кадетската лига. На натпреварот кој се играше во С.Р.Ц. Кале избраниците на Чивлачки беа подобри од екипата на Илинден. Конечниот резултат гласеше 19:28, во корист на црвено-црните кои имаа постојано водство во текот на целиот дуел.

Уште на почетокот во првите 6 минути направивме предност од 1:4. Како одминуваа минутте, нашите надежи го зголемуваа резултатот кој достигнуваше 4:10 во 20 минута. Добрата одбрана во првото полувреме, беше решавачка за стекнатото водство кое го одржувавме до крајот на првото полувреме. На одмор се замина со резултат 7:15.

Вториот дел започна со серија на Вардар од три гола, за веќе двоцифрена предност од 7:18. Противникот немаше сила да стори нешто повеќе на овој меч. Единствено се обидуваше да замине од Кале со достоен пораз. За кратко ја спуштаат предноста на минус седум голови, откако постигнуваат четири гола во серија. Тоа беше можеби единственото што успеаа да го направат на овој дуел. Во наредниот период Вардарци ја држеа оваа разлима во своја корист, се до 55 минута, кога повторно имавме двоцифрена предност од 16:26. Последните минути ги одигравме рутинирано, за на крај да славиме со резултат 19:28. Ова е втора победа за кадетите на Вардар јуниор во новата натпреварувачка сезона, кои имаат и еден нерешен резултат.

Повторно најефикасен играч беше Мартин Карапалевски кој постигна 8 голови. Александар Нанов додаде 6 погодоци.

Рк Вардар јуниор: Кизиќ, Брунчевиќ, Каранфиловски 2, Николовски 3, Атанасовски , Тевдовски 1, Карапалевски 8, Антевски 3, Нанов 6, Биковски , Ќосевски 1, Благопетров, Ангелковски 3 , Мајсторовски , Динев 1, Гроздановски .