Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Шампионски ракометен “ТВ Маратон“ . РК Вардар од 17-30, а мечот на Жрк Вардар е во 20-15
Шампионски ракометен “ТВ Маратон“ . РК Вардар од 17-30, а мечот на Жрк Вардар е во 20-15

Шампионски ракометен “ТВ Маратон“ . РК Вардар од 17-30, а мечот на Жрк Вардар е во 20-15

Денеска не чека вистински ракометен ТВ маратон од ЕХФ шампионските лиги во женска и машка конкуренција. Нашиот Вардар во двете конкуренции ќе одигра мечеви од групната фаза на шампионската елита. Преносите од двата дуела ќе ги емитува Македонската Телевизија на својот прв програмски канал.

Се ќе почне во 17-00часот половина час пред дуелот во ““Јане Сандански“ со студиска емисија посветена на ракометната шампионска вечер. Половина час подоцна вардаровиот меч со Кјелце кој е меч од шестото коло ќе може да го проследите доколку не сте во салата низ директен тв пренос. По завршувањето на дуелот во Скопје повторно студиска емисија посветена на анализирање на женскиот дуел на вардарки. Во 20-15 почнува преносот од гостувањето на вардарки кај екипата на Хипо, ова е дуел во рамките на второто коло кај дамите. Вака изгледа планот за ракометниот маратон , водителите и коменаторите кои ќе ве водат низ оваа шампионска вардарова вечер:

  • 17.00 (МВТ-1) емисија пред РАКОМЕТ ЛШ – (вод: З.ВИДЕВСКИ)
  • 17.30 (МВТ-1) ракомет (м) ЛШ: ВАРДАР-КИЕЛЦЕ – (ком: Д.НИКОЛОВСКИ / Т.СТОЈАНОВСКИ)
  • 19.45 (МВТ-1) емисија пред РАКОМЕТ ЛШ – (вод: Ј.КОСТОВСКИ)
  • 20.15 (МВТ-1) ракомет (ж) ЛШ: ХИПО-ВАРДАР – (ком: Г.СТЕРЈОВ / З.КАЛИНСКИ)