Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ”Трета среќа” против Киелце
”Трета среќа” против Киелце

”Трета среќа” против Киелце

Нашиот црвено – црн тим денеска ќе атакува на прва победа против полскиот шампион, во нивниот меѓусебен дуел. Овие два шампиони на своите земјии, до сега се имаат сретнато само два пати во својата историја, и тоа минатата сезона беа одиграни двата дуели, во рамките на 1/4 финалето од Лигата на шампионите. И на двата дуели подобри беа избраниците на Душебаев.

На првиот натпревар на 11.04.15 – минатата сезона, во Скопје нашиот тим беше совладан, минимално со резултат 20:22, една недела подоцна се одигра и натпреварот во Полска, нашиот тим и таму загуби со два гола разлика, односно резултатот беше 33:31. И на двата натпревари полјаците тесно, во една изедначена битка ги добија нашите играчи. Очекуваме денеска, да има ”трета среќа” за избраниците на Раул Гонзалез, и да ги поразиме ”жолтите” од Полска, за прв пат во својата историја.